ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вo caбoтa aнгaжиpaл инcтитyции дa мy кpeиpaaт измeни нa фaктичкa cocтojбa нa дoкyмeнти зa дa гo зaбoшoти ckaндaлoт co дивoгpaдбaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов уште повеќе се заплеткал во аферата со дивоградбата на семејната зграда.

-Во паника од излегувањето на скандалот на 04.09, внимавајте во САБОТА, му била впишано право на сопственост на земјиштето, основен предуслов за било какви градежни активност. Била ангажирана цела една институција и вработени во САБОТА да му го забошотуваат скандалот. Но дали само катастар или и други институции се ангажирани, дали бил вршен безочен фалсификат на документи во сабота или ноќе за да се покрие дивоградбата на Шилегов? Ете затоа Шилегов со денови молчеше, бидејќи му требало време за да се фабрикуваат документи. Да беше Македонија правна држава ко што не е, да беше ослободено судство кое што не е уште од пред некој ден ќе имаше инспектори на терен, веќе следниот ден ќе имаше решение за уривање на дивоградба, а во исто време некој ќе му подготвуваше кривична пријава за нелегално градење и евентуална злоупотреба на службена должност. Замислете каква е одговорноста за тој кој наместо да го штити градот Скопје од урбаната мафија, самиот е урбана мафија и прешол од другата страна на законот. Граѓаните видоа дека додека Шилегов се богател, граѓаните осиромашувале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но Шилегов и треба да биде загрижен оти доаѓа друго време во кое ќе има одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This