ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОСТАНЕ ВО СОБРАНИЕТО: Сите опции се отворени ако се одложи pacпуштањетo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите опции се отворени, ако во недела не се рacпушти Собранието, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за емисијата „ 360степени.мк“.

Мисајловски открива дека имало различни размислувања во органите на партијата, кои чекори да ги преземе опозицијата и одлучиле до 16-ти февруари да останат во Собранието, за кога е закажана седницата за раcпуштање.

-Дали ВМРО-ДПМНЕ потоа ќе излезе на улица, дали ќе има дополнителни демократски мерки и слично, тоа ќе го договориме во партијата, ќе го соопштиме на јавноста, но сите опции се отворени. Не можам од сега да кажам што ќе се случи, бидејќи на Извршниот комитет имавме многу голема дебата за овие прашања. Ги ставивме на кантар сите можни сценарија што ќе се случат. Но во тој момент одлучивме дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде до недела во Собрание за да се случи тоа што нам најмногу ни одговара – рacпуштање на Собранието, изјави Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This