ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА, ПАНИКА КАЈ СОРОСОИДИТЕ: Почнаа заканите за насилни протести по формирањето на влада ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излегува на површина стравот на СДСМ како наближува периодот за формирање на владата и доделувањето на мандатот на победничката ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Во немоќ, СДСМ и опозициските медиуми манипулираат и се закануваат со протести.

plusinfo

Порталот „Плусинфо“, кој е гласило на СДСМ го изнесува на површина стравот на СДСМ, кој е поразителен за раководството од оваа партија.

-Антивмровското расположение кај албанските граѓани кулминира, па ако ДУИ коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за да прави нова влада Албанците се спремаат за масовни протести, објавува порталот на главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски.

Откако ги загубија изборите на легално, слободно и фер гласање, сега сакаат да ја поништат волјата и она што го соопштува партиското гласило на СДСМ практично е дека не смее да има влада без СДСМ, а доколку се формира се закануваат со насилство и протести.

Соочени со стравот кој излегува на виделина, СДСМ и нејзините медиуми спроведуваат типична манипулација со цел дефокусирање од вистинската тема за понесување на одговорност за поразот на изборите од страна на Заев и негова оставка која се погласно се бара во редовите на партијата.

ivo-kotevski-2-620x413ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори и има легитимитет, и целосна поддршка од народот да ја формира новата влада. ВМРО-ДПМНЕ има обврска да направи се за да ја исполни волјата на мнозинството. Мандатот за формирање на нова влада е во рацете на Никола Груевски. Тој беше носител на сите изборни активности и ја освои довербата на граѓаните“, изјави Котевски пред неколку дена.

Тогаш, Котевски не изнесе детали за можните контакти со цел формирање на постизборна коалиција со останатите партии, и вели дека јавноста навремено ќе биде информирана по ова прашање. Мандатот од претседателот се очекува Иванов да му го предаде на Груевски најдоцна до 9-ти јануари, но постои и можност тоа да се случи порано.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This