April 28, 2024, 11:26 am

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исправи свитканата кичма во меѓународните односи и килавата дипломатија, тоа го ветуваме во проектот „Обнова“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Бугарската декларација јавно се стравува дека може да има неповолни измени во преговарачката рамка, дури и таа е земјата која може да блокира во тек на преговорите. Според советникот за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Стефан Андоновски, добро е Македонија да има добрососедски договор со Бугарија, но за Гоце Делчев кој е апостолот на македонската модерна држава нема да се дискутира, вели тој во вечерашната емисија „Еуро фокус“ на Телма телевизија.

-Уште во 2017-та година кога се дозна дека имаат намера да потпишуваат договори, ВМРО-ДПМНЕ кажуваше дека е погрешно да се вметнат барањата на Бугарија анблок во договорот, затоа што тој договор ќе биде користен како алатка од страна на Бугарија во процесот на интегрирање. Друго е ние да имаме билатерално недоразбирање со Бугарија по било какво прашање, а друго е тоа да биде формализирано во договор и Бугарија да може да мафта со тој договор и да бара и попречува процесот. ВМРО-ДПМНЕ долго преговараше со Бугарија затоа што сметавме дека е добро да имаме добрососедски договор. Но, за Гоце Делчев кој е апостолот на модерна Македонија не дискутираме и не преговараме. Не преговараме за македонскиот јазик. И тој н еможе да биде западно-бугарска норма. И овој став на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и стои во програмата. Ние можеме да разговараме за се, но не за постулатите, фундаментите и основите на македонската државност и идентитет. Како да преговараме дали постои македонско малцинство во Бугарија, кога тоа малцинство добива пресуди во Стразбур. Ние ќе поддржиме се што е добро во преговорите, но ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец. Свитканата кичма во меѓународните односи и килавата дипломатија ќе ја исправиме. Тоа го ветува проектот Обнова, дециден е Андоновски.

Според него, многу е страшно што нема никакви реакции од МНР. Македонското МНР мораше да испрати официјална нота кога Џамбаски, Каракачанов имаа изјави кога се водеа спротивно на македонските интереси.

-Се сеќавате за стапот со кој што ќе не удираа Бугарските претставници. Но, можеби Заев е научен на стап затоа што и тој велеше дека нас граѓаните ќе не камшикува додека траат преговорите за ЕУ, рече Андоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This