ВМРО-ДПМНЕ: Bo Дpиcлa ce ckлaдиpa oпaceн oтпaд кoj гo зaгaдyвa вoздyхoт вo Скoпje, oдгoвopнocт oд Шилегов нeмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта на СДСМ, на чело со Шилегов и Заев свесно ги загрозува животите на граѓаните.

Ветувањето на најголемиот неработник Шилегов за решавање на проблемот со загaдувањето на Скопје сеуште не е решен и претставува сериозна закана за здравјето на скопјани.

Вчера имавме јавно признание на Државниот инспекторат за животна средина дека во Дрисла се одложува опасен отпад.

Депонијата Дрисла изминатиот период многу често се палеше и согоруваше овој опасен отпад, а скопјани дишат загаден воздух. Шилегов молчи и се крие. Дали зад ова се кријат бизнис интересите на мафијата на власт.

Заради бизнис интересите и малверзациите во раководењето со депонијата на скопјани со години се трујат со канцерогени честички.

Ова е причината која Скопје со недели беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

За ова, како што и самиот Шилегов си призна пред повеќе од една година, дека тој ќе одговара заради неисправното работење со депонијата Дрисла.

Уште два месеци останаа од ова неодговорно и криминално владеење на Шилегов. За сите лажни ветувања и за целиот криминал кои го има направено граѓаните ќе му го испорачаат одговорот. 

Петре Шилегов за два месеца заминува во историјата на Скопје како најнеспособен градоначалник. – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This