ВМРО-ДПМНЕ: Kaквa влaдa, тaкви мepки пpoтив Koвид-19, нeeфикacни и диcкpиминaтopcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен.

-Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски. Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени. ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор, стои во соопштението на партијата.

Оттаму посочуваат дека Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не.

-Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This