ВМPO-ДПMHЕ co пpeдлог 3aкон пpoтив одpжyвaњe пoпиc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог на закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка, оподенесе денеска во Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поттикнати од огромната поддршка од граѓаните, но и од нашата борба против ваков фингиран попис, го поднесовме овој Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за попис и бараме закажување на итна и неодложна седница на Собранието на Република Македонија на која што ќе се изгласа овој Предлог на закон и ќе се стопира овој политички попис и оваа национална катастрофа во најава, изјави на денешната прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Василевска апелираше до сите пратеници, без разлика на која политичка партија и коалиција и припаѓаат и без разлика на етничка и национална припадност, да го поддржат овој Предлог закон.

Според неа, „Сите факти и аргументи ни говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис“,пренесе Фокус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This