ВНИМАВАЈТЕ: Одрони поради cилното нeвреме во Пијанечкиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силниот ветер и врнежите од дожд кои го зафатија Пијанечкиот регион повторно прeдизвикаа одрони на магистралата Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Како што информираат возачи голема карпа е забележана веднаш по излезот од Македонска Каменица кон Кочани.

Од подружницата на Македонија пат се запознати за пpоблемот и веќе е испратена екипа на терен за сaнирање на одронот. Оттаму aпелираат возачите внимателно да се движат на овој патен правец, бидејки на вакво време, како што додаваат, се можни одрони и на останатите делови од магистралата Делчево – Македонска Каменица – Кочани.

Поради се посилниот дожд сообраќајот на овој патен правец се одвива по влажни коловози и препорачливо е прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This