April 30, 2024, 10:53 pm

Воведени нови функции во Владата, една од нив е за Рашковски

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Со владина одлука, што е на сила од вчера, се воведуваат три нови позиции „секретар“ и уште три „помошник-секретар“, од кои едната (за мониторинг и поддршка на институциите) била резервирана за досегашниот генерален секретар на Владата, пишува 360 степени.

Драги Рашковски, доскорешниот генерален секретар на Владата, не си оди од „Илиненденска“ ниту откако вчера неговата функција ја презема Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ.

Рашковски, е поставен на друга позиција во владиниот кабинет. Тој, во изјава за ТВ 24, вели дека од денеска е на функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма.

Всушност, станува збор за нова функција, која, како што обави денеска „360 степени“, е предвидена со измени во одлуката за формирање канцеларија на претседателот на Владата. Одлуката вчера беше објавена во „Службен весник“, а со неа се предвидува и формирање на посебен секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This