Водечки британски епидемиолог тврди дека маските ќе ги носиме барем уште неколку години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носењето заштитни маски за лице и одржувањето на дистанца може да потрае уште неколку години додека не се вратиме во нормала, предвиде водечкиот британски епидемиолог Мери Ремзи.

Ремзи рече дека основните мерки можат да бидат на сила се додека другите земји успешно не ја спроведат вакцинацијата, пренесува Би-Би-Си.

Додаде дека враќањето на големите настани со публиката бара внимателно следење и јасни упатства за тоа како да останеме безбедни.

Според неа, многумина ги прифатија ограничувањата како што се покривање на лицето на места каде што има гужва и држење на растојание, а економијата сè уште функционира.

„Луѓето се навикнати на овие ограничувања на пониско ниво и луѓето можат да живеат со нив, а економијата сè уште може да продолжи со оние помалку строги ограничувања“, рече Ремзи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This