Вознемирени сте и aнксиозни?: Овие намирници ќе ви помогнат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анксиозноста е многу чест проблем за многу луѓе. Тоа е нарушување што се дефинира како чувство на непријатност, општа напнатост, вознемиреност, голем стрес, паника, страв и ирационално лошо чувство.

Таа често се лекува со лекови, но постојат неколку други стратегии што можете да ги користите за да ги намалите нејзините симптоми, од вежбање, преку техники на дишење, до храна што ја консумирате и тоа ќе влијае на состојбата на вашиот мозок. Ви носиме шест намирници кои ќе ви помогнат да ја ставите вашата вознемиреност под контрола.

Лосос

Бидејќи содржи хранливи материи одлични за здравјето на мозокот, како што се витамин Д, омега 3 масни киселини, еикозапентаеноична киселина и докозахексаеноична киселина (тие ги регулираат нивото на допамин и серотонин во организмот кои можат да имаат смирувачки и релаксирачки својства). Исто така, истражувањата покажуваат дека масните киселини ги намалуваат воспалителните процеси и се превенција од какви било дисфункции на мозочните клетки што доведуваат до нарушувања како анксиозност. Консумацијата на лосос неколку пати неделно е ефикасна во намалување на стресот и вознемиреноста.

Камилица

Камилицата содржи високо ниво на антиоксиданти кои ги намалуваат воспалителните процеси во организмот, а со тоа и вознемиреноста. Без разлика дали станува збор за најголем чај од камилица или екстракт од камилица (иако истражувањето се фокусирало на екстрактот), тоа помага да се намалат симптомите на депресија и анксиозност.

Куркума

Куркумата е зачин кој содржи куркумин кој е одговорен за здравјето на мозокот и регулирање на анксиозните нарушувања. Може да го подигне нивото на омега 3 масни киселини, што му помага на мозокот да се смири. Истражувањето беше претежно спроведено на 20 милиграми куркума на ден. Исто така, тој е моќен антиоксиданс и ги намалува нивоата на цитокини кои се поврзани со развој на анксиозност.

Темно чоколадо

Вклучувањето на темно чоколадо во вашата исхрана може да биде одлична алатка за намалување на анксиозноста. Содржи флаваноли – антиоксиданти кои имаат корист од функциите на мозокот и го подобруваат протокот на крв во мозокот, што пак доведува до намалување на анксиозноста. Истражувањата покажуваат дека оние кои консумираат 40 грама темно чоколадо на ден во период од две недели, нивното ниво на стрес хормони поврзани со анксиозност значително се намалило. Исто така, го зголемува нивото на невротрансмитерот серотонин, што може да помогне во намалување на стресот што доведува до анксиозност.

Јогурт

Ако страдате од анксиозност, задолжително вметнете јогурт кој содржи пробиотик во вашата исхрана. Полн е со пробиотици, здрави бактерии кои исто така влијаат на менталното здравје со инхибиција на слободните радикали и невротоксини, што може да го оштети нервното ткиво во мозокот и да доведе до вознемиреност. Исто така, со редовно консумирање на 125 грама јогурт два пати на ден во текот на целиот месец, вашиот мозок може подобро да ги контролира емоциите и стимулите што можат да бидат поврзани со анксиозност.

Зелен чај

Зелениот чај содржи Л-еанин, аминокиселина која позитивно влијае на здравјето на мозокот и ја намалува анксиозноста. Покрај тоа, содржи епигалокатехин галат (EGCG), антиоксиданс одличен за промовирање на здравјето на мозокот. Може да игра улога во намалување на одредени симптоми со зголемување на ГАБА во мозокот. Важно е да се напомене дека истражувањето кога станува збор за зелениот чај најмногу се спроведува врз животни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This