Се кpчкa „27 април“ во CAД: Оставете го opyжjeто дома, Tpaмп утре мapшира на Вашингтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градските власти во Вашингтон денеска ги предупредија приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп, кои планираат да дојдат на протестот утре кога Конгресот треба да ги потврди резултатите од изборите и поразот на Трамп, да го остават оружјето дома.

Најавено е дека ќе бидат ангажирани стотици припадници на Националната гарда за да обезбедат ред и мир на улиците на главниот град на САД, од страв од можни немири.

„Имаме информации дека поединци имале намера да донесат огнено оружје и нема да го толерираме тоа“, вели началникот на полицијата во Вашингтон, Роберт Конти, додавајќи дека секој што ќе го прекрши предупредувањето ќе биде уапсен, пренесува Ројтерс.

Имаме 300 војници во готовност, припадници на други федерални служби, вклучително и тајната служба, во случај да им треба помош на полицијата во Вашингтон.

Илјадници приврзаници на Трамп, вклучително и екстремно десничарски групи, секогаш носат оружје на протестите. Тие се очекува да дојдат во Вашингтон на 6 јануари и да протестираат против официјалните резултати од изборите во Конгресот, за кои Трамп тврди дека биле украдени, според агенцијата.

Фото: EPA-EFE/DAVID ODISHO

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This