Во Албанија ќе се произведуваат седум видови вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама, кој е во дводневна официјална посета на Турција, оствари средба со турскиот бизнисмен Кантур Алагоз, кој е сопственик на компанија за производство на вакцини и дистрибутер на Синовак.

Рама, во објава на Фејсбук, меѓу другото, наведе дека разговарале за проектот за изградба на фабрика за вакцини во Албанија.

Тој додаде дека изразил голема благодарност до соговорникот за помошта што ја дал со доставување на вакцини Синовак во Албанија, по преговорите што ги водела албанската Влада со турската компанија предводена од Алагоз.

– Почестен сум од гостопримството на овој импресивен господин Кантаур Алагоз, голема личност на турската наука и бизнис, сопственик на компанијата која произведува неколку видови на вакцини, а во исто време и дистрибутер на вакцината Синовак. откако му заблагодаривв за значајната помош, разговаравме за проект за изградба на фабрика за вакцини во Албанија, посочи Рама наведувајќи дека во Alбанија ќе се произведуваат сседум видови вакцини.

Во меѓувреме во Албанија продолжува процесот на имунизација против Ковид-19. Во изминатите 24 часа регистрирани се деветмина новозаболени од направените 3.340 тастови, а веќе трет ден нема починати лица од последици од Ковид-19, додека хоспитализирани се 35 луѓе. Во Албанија досега се вакцинирани околу 780.000 луѓе.

Во земјата пристигна нова пратка со 40.800 дози вакцини од Астра Зенека. Со овие и со деновиве добиените 11.700 дози од Фајзер, до сега земјата има набавено вкупно 858.750 вакцин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This