Пpитвopeниот белоруски ekcтремист ја признал винатa за пpoтecтите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од основачите на опозицискиот информативен телеграм-каналот NEXTA, кој во Белорусија е прогласен за екстремиситичи, Роман Протасевич, кој беше притворен по принудното призмјувањето на авионот на „Ryanair“ во Минск, се изјаснил во четвртokoт за виновен за органиризање и подготовка на протестите минатата година против реизборот на претседателот Александр Лукашенко, за кого притоа изјавил дека го почитува.

Како што пренесуваат белоруските медиуми, Протасевич со тоа ја признал вината според членот од Кривичниот законик на Белотисија кој се однесува на „организација на неодобрени дејствија“.

„Повиците коишти ги објавив, придонесоа за безредијата кои започнаа на улиците и Минск три дена живееше во хаос“, рекол Протасевич во интервју за телевизискиот канал ОНТ.

Опозиционерот, исто така, рекол дека нема никаква врска со опозицискиот телеграм-канал „Црна книга“ кој е прогласен за „екстремистички“ поради објавување податоци за припадниците на безбедносните сили.

Протасевич, кој е поранешен основач и косопственик на каналот NEXTA-Live, рејол дека по завршувањето на активниот дел од протестите во Белорусија, планирале да го пренесат ресурсот на руска агенда. Во тој контекст, Протасевич потврдил дека во 2014 година бил во зоната на конфликтот во источна Украина каде минал месец и пол, но негира дека пристапил на злогласната паравоена формација батаљонот „Азов“ на украинските екстремни националисти, чии борци своевремено се бореа и на чеченската страна во руската војна во Чеченија. Но проруските сили во Донбас тврдат дека од летото 2014 до 2015-та Протасевич бил заменик командант на ударната група на батаљонот.

Во разговорот Протасевич рекол и дека го почитува белорускиот претседател Александр Лукашенко, иако претходно го критикувал.

„Нема да ги кријам фактите, дека многу го критикував Алескандр Григоревич (Лукашенко). Ми се чинеше дека има причини за тоа“, рекол Протасевич во споменатото интервју.

„Секако“, рекол Протасевич одговарајќи на прашањето дали го почитува Лукашенко.

Според опозицискиот блогер, колку повеќе се впуштал во политичките активности, толку повеќе почнувал да сфаќа дека „многу од работите за коишто го критикуваа Лукашенко, всушност се обиди за притисок“.

„Не кријам дека има моменти кога сметав дека можеби некои одлуки на белоруските власти беа погрешни“, додал Протасевич.

Во покајничкото интрвју за државната телевизија ОНТ опозицискиот блогер открил и дека во Белорусија постојат неколку притаени радикални вооружени групации кои се подготвени за соборување на власта.

„Најверојатно во Белорусија сѐ уште има неколку притаени ќелии. Не знам колку се вистински овие информации, но мислам дека барем некое од сокриеното оружје, сѐ уште не е пронајдено“, рекол Протасевиц.

Појаснил дека до овој заклучок дошол врз основа од конктаките со заговорници кои наводно планирале насилна промена на власта и атентати врз челните функционери во земјата. Според Протасевич, неговите соговорници од опозицијата „зборуваа дека постојат четири или пет гурпи…“.

Рекол и дека меѓу неговите некогашни соборци против Лукашенко имало луѓе кои не ги интересирале ниту државата и власта, па ниту моќта туку само парите, поради што дошло до кавги и разијдувања меѓу различните опозициски групи.

Основачите на опозицискиот ресурс Nexta, Роман Протасович и Степан Путило во Белорусија се обвинети за делата „организирање масовни безредија“ за кое им се заканува казна до 15 години затвор, како и за „организација на групни дејствија кои грубо го нарушуваат јавниот ред“ за што се пропишани до три години затвор. Покрај тоа, беше покрената и кривична постапка за изведување „намерни активности насочени кон поттикнување социјална нетрпеливост врз основа на професионална припадност“, за што се одредени казни до 12 години затвор.

Ресурстот Nexta повикуваше на протести и ги координираше, а кои започнаа по претседателските избори во Белорусија во август минатата година кои беа најмасовните откако пред речиси три децении на власт дојде Алескандр Лукашенко, и траеја во следните шест месеци. Белоруските власти го сметаат овој ресурс за „екстремистички“, а самиот Протасович го ставија на листата лица повразни со тероризам и по него распишаа потерница.

Протасевич беше приведен на 23-ти мај, кога авионот на ирската нискобуџетна воздухопловна компанија „Ryanair“ на летот од Атина за Вилнус, беше принудно приземјен на аеродромот во Минск, по наводна дојава за подметнат експлозив, што подоцна не беше потврдено. При проверката на патниците, приведени беа Роман Протасевич, по кого белоруските власти имаа распишано потерница, и неговата партнерка руската државјанка Софија Сапега.

Протасевич од 2019 година се наоѓа во егзил во Полска. Тој во Атина беше дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска, која присуствуваше на Делфи форумот во грчката престолнина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This