Во Албанија peкopднa бpojкa на oздpaвeни од Koвид-19 во едно дeнoнoќиe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Албанија регистрирана е рекордна бројка на оздравени лица во едно деноноќие до сега и за првпат бројот на оздравени е повисок од оној на новозаразени со Ковид-19.

– Во изминатите 24 часа од направените 865 тестови регистрирани се нови 156 случаи со Ковид-19, за жал починаа четворица пациенти, додека добра вест е рекордната бројка на оздравени или 158 што е највисока бројка до сега во едно деноноќие, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

И понатаму главни жаришта на болеста се Тирана со 101 и Драч со 12 од новозаразените лица.

Во оваа земја до сега се направени 59.617 тестови, позитивен резултат е добиен кај 9.083, оздравеле 4.791, починале 266 додека активни на болеста се 4.026 лице. И понатаму расте бројот на лицата на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 168 или четворица повеќе од вчера, при што 21 од нив се во тешка состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This