ВО ЕКОТ НА ИНЦИДEHTИТЕ НА КОСОВО: Претседателот Пендаровски го прими албанскиот амбасадор Фатос Река

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На средбата, двајцата соговорници констатираа дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање, бележат позитивен развој со континуиран дијалог.

Претседателот Пендаровски нагласи дека во иднина двете земји треба да се посветат на унапредување на билатералната соработка, особено во областа на економијата и зголемувањето на трговската размена, како и на реализацијата на инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат Македонија и Албанија.

Во однос на европските интеграциски процеси, претседателот Пендаровски нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги валоризира напорите на двете држави преку одредување датум за почеток на пристапните преговори. Тоа ќе придонесе за дополнителна регионална консолидација и соработка меѓу земјите, беше потенцирано на средбата.

Двајцата соговорници истакнаа дека Македонија и Албанија споделуваат идентични надворешно-политички цели. Двете земји се посветени на градење на добрососедските односи и соработка во рамки на регионалните иницијативи.

Амбасадорот Фатос Река на претседателот Пендаровски му го честиташе стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, изразувајќи уверување за натамошно унапредување на билатералната соработка во сите полиња од заеднички интерес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This