Во ек на најголемата kpиза, Трамп ќе ја реновира Белата Куќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара 377 милиони долари во идниот нацрт закон за помош за ублажување на последиците од коронавирусот, за долготрајна модернизација на Западното крило, но допрва треба да се утврди кога тоа би можело да се случи.

Износот, вклучен во нацрт законот за помош од страна на Сенатот, исто така би ја опфатил нова безбедносна заштита за зградата на извршната канцеларија Ајзенхауер во комплексот на Белата куќа, пренесе АП.

Додека пратениците, вклучително и републиканците , на барање на администрацијата добија повеќе од една милијарда долари за ново седиште на ФБИ во Вашингтон, планот за Западното крило привлече релативно мало внимание. Администрацијата вели дека реновирањето на Белата куќа би ја зголемило способноста на кампусот да открие и да ублажи надворешна безбедност и закана од пандемијата.

Западното крило не е комплетно модернизирано од 1933 година, според Управата за општи услуги, која одржува поголем дел од комплексот на Белата куќа.

Реновирања планираа и одлагаа претходните администрации, последен пат претседателот Барак Обама во 2013 година, делумно, бидејќи нитуе еден претседател не сакал привремено да се откаже од Овалниот кабинет на неколку месеци или подолго, наведува агенцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This