Во живо: Градбата пред Мавровка легална, но сепак се pyши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај тоа што Мевлудин Алити ја поседува целата потребна документација за градење, неговиот објек пред Мавровка и натаму се руши.

Првата одлука која ја донесе Владата на Зоран Заев беше токму за уривање на објектот сопственикот Мевлудин Алити ги поседува сите документи од катастер, општина Чаир, разно разни државни инспекторати кои потврдуваат дека објектот е легален, а според него сите овие притисоци врз него се само со една причина, објектот да биде одземен од негова сопственост. Тој ја потсети јавноста дека минатата година во објектот беше пронајдена граната од ракетен минофрлач, а потоа истиот беше запален, денес објектот му го руши државата и ако по се изгледа е легален.

-Сакам да ве известам дека ништо од тоа што е пренесено од медиумите не е точно. Јас сум сопственик на објектот кој што беше изгорен од пожарот и е легална градба запишана во катастерот. Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата, можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа јас бев тука и им ги дадов документите на инспекторите од финансиски криминал. Во еден од порталите прочитав дека сум го исекол дрвото. Јас не сум го сторил тоа имам видео запис на кој се гледа кој го сече дрвото. Лани најдов проектил од рачен фрлач во објектот, оваа година ми го запалија. Еве 50 дена не знам кој се причините. Истрагите завршија со непознати причини и непознати сторители. Господа ве молам човекот кој што го сака мојот објект нека се јави да му го подарам, да не се мачиме вака, вели тој.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2432515410374350

-Случајот #Фонтана се повеќе личи на #Космос, разликата е само во динамитот. Дали сопственикот има платено комуналии и дали го легализирал објектот требало да се провери пред да се дадат политички изјави. Ако политиката пресуди уште еднаш, дај барем од сега па натаму да не се меша и во работата на судовите, за да се расчисти целата ситуација, пишува на Фејсбук, новинарот Фуркан Салиу.

Случајот #Фонтана се повеќе личи на #Космос, разликата е само во динамитот.Дали сопственикот има платено комуналии и…

Posted by Furkan Saliu on Wednesday, September 2, 2020

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This