Во Здравствениот дом Врање е одобрено давање на третата, бустер доза и за македонските граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српските медиуми објавија дека во Здравствениот дом Врање е одобрено давање на третата, бустер доза и за македонските граѓани, почнувајќи од денешниот ден.

Бустер дозата против заразата се дава на сите луѓе кои ја завршиле својата примарна имунизација, со прва и втора доза.

Македонските граѓани најмногу се им*низираат во Врање, за што сведочат бројките на дадените дози. Над 24.000 од првата и втората доза примиле граѓаните на Македонија, а сите сега можат да ја примат третата, бустер доза, на новиот пункт за им*низација во центарот на градот, истакнуваат српските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е им*низацијата на српските граѓани да се одвива непречено.

Инаку, бустер дозата во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната им*низација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Фајзер) или векторска (Гам-Ко вид-Вак, Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана(Синофарм), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК, како дополнителна, трета доза).

Се остава можност лицето кое ќе се им*низира да го избере типот или произведувачот на дозата што ќе ја прими како бустер. Ако вакцината Гам-КО ВИД-Вак се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата доза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This