Во “Идpизoвo” xapa кopoната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корона вирусот не ги одмина ни затворениците во пренатрупаниот затвор “Идризово”. Вирусот масовно се шири во овој скопски затвор, а властите не нудат никакво решение да го спречат тоа. Ниту министерот за здравство Венко Филипче, ниту премиерот Зоран Заев, ниту министерот за правда Бојан Маричиќ го посетиле затворот, ниту понудиле било какви превентивни мерки. Исто така нема масовно тестирање, се жалат затворениците.

Поплаки има и околу начинот на лекување, како и на недостаток на хигиенски препарати. Шестиот оддел во “Идризово” е претворен во карантин, а затворениците се жалат и на тоа дека заразените ги сместуваат во самици и по 30 дена, во вид на самоизолација.

-Бараме од директорот и од Владата да не тестираат сите што сме во карантин. Да направиме тестови и да знаеме кој е позитивен, а кој е негативен, да не чекаме сите да бидат заразени. Од 60 лица во ова одделение, девет од нив се заразени. Исто така, сакаме да го демантираме директорот на затворот кој рече дека вирусот навлегол од посетите. Не е точно. Вирусот навлезе од пренесените од Куманово кои беа донесени без протоколи и без изолација, рече Исмаил Аќеми за Алсат М телевизија.

Исто така, затворениците го осудуваат и начинот на лекување. Основните протоколи не се почитуваат, а заразените затвореници се плашат да ги кажат своите симптоми поради условите во кои се лекуваат, а тоа се многу лоши услови велат затворениците бидејќи тоа се прави во самиците на затворот “Идризово”,

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This