Во Индонезија врнело дожд само на еден автомобил, сопственикот мислел дека некој се игра со вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На паркингот во индонезиската провинција „Западна Јава“ дождот погодил само еден автомобил. Очевидецот Урјан првично мислел дека некој намерно си игра со вода, но кога подобро погледнал, сфатил дека водата е всушност дожд што паѓа од небото.

– Во тој момент бев на паркингот. Веднаш го зедов мобилниот телефон и го снимив дождот – рекол тој.

Бизарен временски настан во кој дожд паѓа само на мала површина е познат како ултра локализиран дожд. Истата појава е забележана и во Палермо, Италија во 2016. Дождот кој тогаш се појави на парче пат ги шокираше возачите и пешаците.
Индонезија и другите земји од Југоисточна Азија како Малезија, Филипините и Тајланд се на врвот на сезоната на дождови од тропските монсуни, која трае до крајот на ноември.

Високите температури кои достигнуваат 35 степени Целзиусови често се придружени со силни тропски бури со грмежи, молњи, дожд и ненадејни поплави кои предизвикуваат реките да течат побрзо и да станат опасни.

Сличен инцидент се случи во 2017 година во Индонезија, каде дождот поплави куќа во Јужна Џакарта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This