По еден месец погpeбан македонскиот пејач Васил Атанасов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот фолк-пејач Васил Атанасов кој почина на 7 октомври, конечно е погребан во Германија.

На фејсбук-профилот на Атанасов, неговата сестра Лидија објави дека погребот се извршил на 4 ноември во Лудвигсбург, каде што Васил живеел 30 години.

„Им благодариме на македонската православна црква во Штутгард, „Св. Кирил и Методиј“ и на македонската музичка естрада кои го организираа погребот и со православен македонски поп од Минхен го погребавме брат ми. Тој многупати им свиреше на родендени и прослави“, објавила Лидија.

Семејството на Атанасов не можеше да го погребаат фолк-пејачот повеќе од 20 дена поради финансиски проблеми.

Да потсетиме, по подолго боледување, пред еден месец во Германија почина фолк пејачот Васил Атанасов.

Атанасов потекнува од струмичкото село Дабиле. По завршувањето на средното музичко училиште во Штип беше член на повеќе музички групи. Во меѓувреме работел и како наставник по музичко во повеќе училишта а неговите ученици го паметат како „распеаниот наставник“. Тој редовно настапуваше на музичкиот фестивал за народна музика Фолк фест Валандово, а во 1993 година со песната „Кој нѐ раздели“ доби втора награда од публиката. Песната беше прогласена за најслушана помеѓу две изданија на фестивалот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This