Италија е првата земја на ЕУ погодена од епидемијата на коронавирус во февруари годинава и оттогаш во таа земја се потврдени околу 1,62 милиони случаи на Ковид-19 и 56.361 смртни случаи.
Италија планира да започне програма за масовно бесплатно вакцинирање на населението, пред се на старите лица и здравствените работници, од почетокот на следната година, најави денеска министерот за здравство Роберто Сперанца, пред италијанскиот Парламент.
Тој посочи дека Владата има можност да купи 202 милиони дози вакцини од различни производители и дека целото е планирано да биде извршено бесплатно..