ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА СУДСТВО: Безрбетници и послушници делат „правда“ во судовите – без никаков аргумент ги прифатени барањата на СЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелацискиот суд одлучи – над 1000 прислушувани во кои има наводни индиции за изборни нерегуларности ќе „одекнат“ во судницата.

Таканаречените бомби ќе бидат доказ и покрај тоа што законски овие материјали, кои се нелегално стекнати, не може да бидат доказ во судска постапка. Оваа одлука е скандалозна, затоа што судот ја донесе без образложение. Ваквата одлука, покрај тоа што е различна од тоа што налагаат македонските закони и пркоси и на практиката на Европскиот Суд за човекови права. Во никоја од европските земји, докази кои се стекнати на ваков начин не се признаваат од судовите, пренесува Република.

Меѓу обвинетите во случајот „Титаник“ се и екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, но и поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, а обвинет е и пратеникот Илија Димовски.

Од 21 обвинет само 12 преку жалба побараа повисокиот Суд да ја потврди првостепената одлука и прислушуваните разговори да немаат доказно дејство.

Според адвокатот на еден од обвинетите во овој случај, поранешниот премиер, Никола Груевски, тоа што Апелација ја прифати жалбата на СЈО, е срамно зло до степен на срам. Затоа побара судот да направи отстапка од досегашните одлуки со кои ги прифаќа бомбите.

Со инсистирањето на СЈО да бидат прифатени како докази во кривична постапка материјали кои се добиени од незаконско следење на комуникациите на илјадници граѓани во период од 8 години, и игнорирање на правното дејство на правосилното Решение КС бр. 127/15 од 04.11.2015 со кое дел од овие материјали веќе биле издвоени како незаконити докази, се врши систематско непочитување на ЗКП и на Законот за следење на комуникации, со што сериозно се повредува принципот на владеењето на правото, кој е вграден во Преамбулата на Европската конвенција за човекови права, а со тоа и во сите нејзини членови, вклучително и во член 6 став 1 од ЕКЧП. Според досегашната пракса на ЕСЧП членот 6 од ЕКЧП е релевантен и пред да почне судењето, доколку правичноста на судењето е веројатно да биде сериозно неправедна преку иницијалниот неуспех за усогласување со одредбите на ЕКЧП како што тоа е случај во конкретниов предмет.

Аргументите на СЈО во спротивност со правото на правично судење

Аргумените на СЈО дека содржината на комуникациите кои биле незаконски следени претставуваат законски стекнат доказ само затоа што согласно чл. 287 од ЗКП им ги предала политичката партија СДСМ, се во спротивност со правото на правично судење загарантирано со член 6 став 1 од ЕКЧП, за што постои и судска пракса на ЕСЧП.

За илустрација, во пресудата “Хајрулаху против Македонија”, Судот се повикува на член 15 став 2 од ЗКП од 1997 година (чија содржина е идентична со член 12 став 2 од актуелниот ЗКП), односно дека кривични обвиненија не може да се засноваат на докази добиени со кршење на човековите права и слободи, аргументирајќи на тој начин дека употребата на незаконско стекнатите докази во кривичната постапка покренува сериозни прашања за правичноста на постапката.

Обвинетите Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски, и Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, истакнуваат дека се чувствуваат како жртви на прислушувањето и бараа бомбите да не бидат доказ, зашто ќе се создаде правна несигурност. Јанакиески, кој денеска присуствуваше на јавната расправа изјави дека бил прислушуван и телефон на член на неговото семејство, а Јанкулоска потенцира дека не е важна содржината на прислушуваните разговори, туку тоа дека таа како јавен функционер е дискриминирана бидејќи за неа не важи правото на приватност.

–Јас се повикав на конкретна пресуда на Европскиот судот за човекови права, во случајот на „Госпоѓата А против Франција“, каде спомена дека предмет на заштита е самата комуникација, а не нејзината содржина и содржината е сосема ирелевантна, без оглед што содржат некои разговори. Судот во ниту еден случај не би смеел да заснова судска одлука на така прибавени докази и чекор повеќе и ја споменав пресудата во случачајот „Нимиц против Германија“, каде за луѓето кои вршат јавни професии судот констатира дека е невозможно да се направи дистинкција помеѓу јавните и приватните разговори, зашто таа комуникација е испреплетена и затоа секоја комуникација без оглед на што се однесува, ја ужива заштитата од членот 8, вели Јанкулоска.

Во контекст на конкретниот предмет важно е да се потенцира дека суштината на заштитата која ја нуди член 8 од ЕКЧП е правото на поединецот да задржи за себе односно да сподели со оние со кои сака да сподели одредени информации. Обврската за почитување на ваквото право се однесува на сите останати поединци, институции и државни органи. Самото право содржи и гаранција дека тајноста на содржината на комуникациите не смее да биде откриена од лица кои не се вклучени во процесот на комуникација ниту од органите на јавната власт и при тоа самата заштита на правото на поединецот создава обврска за државата, не само да се воздржи од неовластено пресретнување и следење на комуникациите, туку и да создаде услови за граѓаните да го остварат правото на непречено и приватно комуницирање. СЈО и судската власт се дел и од јавната власт и како такви не смеат да ја откриваат содржината на комуникациите кои биле неовластено следени, а уште помалку смеат таквата содржина да ја предлагаат и да ја прифаќаат како доказ во кривична постапка против жртвите на незаконското следење на комуникациите.

Ставот на Европскиот суд за човекови права се дека вакви докази не може да бидат употребување во судење. Во исто време, според правните експерти, судот и СЈО со оваа одлука прават  недозволена дистинкиција помеѓу создавање докази и прибавување докази.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This