ВО МОМЕНТОВ СЕ ВРШИ ПPИTИCOK ВРЗ УCTABHИOT CУД: Мицкоски открива дека премиерот врши пpитиcok во Уставниот cyд за Зakoнoт за aмнecтиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добивам повеќе неформални информации дека луѓе пратени од Зоран Заев, преку свои канали се јавуваат, вршат притисок и насочуваат точката која се однесува на оценка за уставноста на амнестијата која беше актуелна пред извесен период да се стави за точка на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук и потсетува дека актуелниот претседаетл на Уаставниот суд е избран во мандатот на Зоран Заев.

Дали одбивањето на СДСМ да гласа за автентично толкување на членови од Законот за амнестија кое самите го предложија, е увертира во игранките за идна амнестија? Бидејќи играњето дупло, не е моја игра, сакам да бидеме на јасно, Зоран Заев е единствениот актуелен политичар кој беше амнестиран, но очигледно е и главниот кој е заинтересиран за некоја идна амнестија поради актуелните афери, што би му ја испорачал Пендаровски. Меѓу другото, Заев сѐ уште молчи за мојот предлог да има забрана за амнестија на политичари и амнестирани лица да не се занимаваат со политика. Молкот кажува дека Заев е лично засегнат и од двата предлога, пишува Мицкоски.

Тој констатира дека државатаа нема успех кога луѓе пратени од власта диктираат одлуки на судот.

Притисоците врз Уставниот суд, со потпис на Заев нема да овозможат амнестија која ќе ја попречи правдата за криминалците. Тоа треба да го знае секој, сега и во иднина. Компромиси со правдата нема да има. А власта која мисли дека може да ја изигра, многу брзо ќе се соочи со одговорност за кршењето на законите, предупредува лидерот на опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This