CKAHДAЛ ВО KPИВИЧHИOT CУД ВО СКОПЈЕ: Cyдиjaтa Огнен Ставрев цели 12 часа ги дpжeл во cyдницa oбвинeтитe во “THT”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога си дете на комунизмот, по се изгледа дека можеш да се оттргнеш од сите телесни и овоземни навики, освен од една, комунистичкиот начин на делување

Денес судијата Огнен Ставрев, спротивно на сите меѓународни норми кои ги заштитуваат човековите права, како правото на фер судење и судење во разумен рок, ги држел прогонетите во слуачјот ТНТ цели 12 часа во судница. Од 09.00 утрината, до 20.30 вечерва. Според експертите, Ставрев се брза да го заврши овој случај и да ги подели веќе договорените казни до 24 декември годинава, затоа што на овој датум завршува мандатот на еден од судиите во судечкиот совет.

Огнен Ставрев инаку е син на поранешен висок функционер на Комунистичката партија на Македонија и Југославија, како и носител на највисоки државни функции во времето на едноумието. Ставрев важи за продолжена рака на СДСМ, повеќе и од судиите како Кацарска или пак претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Но држењето на обвинетите по 12 часа во судница не е единствениот прекршок кој го направил Ставрев. Во судечкиот совет во случајот ТНТ, седи судија поротник кој нема право да го држи тоа место. Се работи за судијата поротник Лилјана Ивановска Кочовска која дури пред две години, на 07.08.2017 година, наполнила 60 години со што го загубила и правото да биде судија поротник, согласно законските одредби. Досега, ниту судот, ниту судскиот совет не реагираат на ваквото прекршување на законите, а според упатените причината за ова е што побрзо носење на веќе договорените пресуди против обвинетите во ТНТ.

“Случајно” мандатот на судијката поротник Лилјана Ивановска Кочовска, завршува токму на 24. декември годинава.

Но, освен партискиот мотив на Огнен Ставрев, во судските кулоари се зборува и за уште два други мотиви. Едниот е унапредување кое Ставрев треба да го добие веднаш по завршување на процесот ТНТ, и тоа унапредување во Апелацискиот суд.
Вториот мотив е малку посериозен. Се работи за наводен договор помеѓу него и бизнисменот Фијат Цановски кој побарува 40 милиони евра оштета од државата, а ветувал на повеќемина дека дел од добиените средства од обештетувањето братски ќе ги поделат. Судијата Ставрев веќе доби поттик за ваквиот план, со тоа што СДСМ со посредство на Хари Костов, инаку близок пријател на Ставрев, ја вработија сопругата на судијата во градската администрација.

Но, за да се исполнат овие планови, да се добијат и поделат парите, потребно е најпрво да се прогласат за виновни за рушењето на дивоградбата прогонетите во случајот “ТНТ”.

Вечерва попусто беше негодувањето на одбраната и обвинетите, но и на обвинителите што за само 13 часа се закажува ново судење без можност да имаат време да се подготват за следното рочиште.

Стандардна и лажна теза кога се кршат човековите права со изнасилени судења на партизираниот суд, Скопје 1, познат како Кривичен суд, е дека во корист на обвинетите е побрзо да заврши судењето.

Не може да биде од корист ако на следното клучно рочиште отидат не спремни и преморени.

Што се однесува пак на судијата поротничка, со тоа што се уште суди прави кривично дело. Работи спротивно на член 80, став 1 алинеја 5 од Законот за Судови. Еден ден, не многу далеку од сега, кога судството ќе се ослободи од стегите на партијата на власт и таа кривично ќе одговара за ова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This