Во понеделник нови цени на горивата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Веќе три недели по ред имаме поскапување на горивата.

Минатата недела бензините поскапеа за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголеми за 1,5 денари. 

Со тоа малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 сепродава за 62,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемија за 1,5 денари за литар и изнесуваат по 53 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,020 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега чини 28,501 денар.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Останува да видиме дали и оваа недела ќе има поскапување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This