Фотографија од која навираат чувства: Лекар со прегратка смирува расплакан повозрасен заболен пациент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џозеф Варон работи како лекар кој уште од почетокот на кризата згрижува пациенти заболени од новата болест во болница во Тексас. Работел 252 дена без престан кога во единицата за интензивна нега здогледал расплакан постар маж заразен со болеста.

Утешната прегратка на Варон за стариот маж на Денот на благодарноста била фотографирана од фотограф за “Getty Images” и веднаш потоа фотографијата станала вирална ширум светот.

Доктор Варон за “CNN” изјавил дека на влезот во единицата за интензива нега видел расплакан постар пациент кој се обидувал да стане од својот кревет и да излезе од собата. Лекарот го прегрнал и со прегратката успеал да го смири пациентот.

Сите знаеме колку тешки моменти мора да се оние додека некоја личност се бо ри со заразата, и во колкаво исчекување се ставени секој еден од нив, сепак покрај терапијата за болеста, треба да се обидеме и морално да ги потпомогнеме овие лица, за и психички останат здрави. Овој гест покажува дека и покрај се мораме да останеме луѓе и да се држиме заедно силни иако во моментов треба физички да сме раздалечени.

Човекот од фотографијата се чувствува подобро и додал дека се надева дека ќе излезе од болница пред крајот на неделата, изјавил лекарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This