Во среда е последниот неработен ден за годинава – еве ги сите празници во 2022

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно Законот за празници на Република Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – „Св. Климент Охридски“ е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, а овој неработен ден е и последен за оваа година.

Во наредната 2022 година следуваат нови неработни денови, а првиот ни доаѓа токму на 1 јануари кога ќе одмараат сите ѓраѓани на нашата земја. 

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (сабота), Нова Година,

• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,

• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (вторник), Ден на Републиката,

• 8 септември (четврток), Ден на независноста,

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),

• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 18 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (четврток), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This