ВО ТЕК Е ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА: Ќе се проширува граничниот премин кај Делчево од бугарска страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот граничен премин Станке Лисичково ќе се проширува со цел полесно поврзување, најпрвин со службите од граничниот премин Делчево, а потоа и подобра патна поврзаност меѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Според најавите на бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов, проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково може да се очекува наредната година.

-Во моментов е тендерска постапка за проширување на граничниот премин. Очекуваме на почетокот на следната година да имаме нов пункт со три ленти за поминување на границата. Тоа за трипати ќе ги зголеми капацитетите во споредба со сегашната една лента со која располагаме. Тоа е чекорот кој го правиме и транспортно да ја поткрепиме Република Македонија за нејзино членство во ЕУ, рече Маринов.

Проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково ќе биде од огромно значење за жителите на двете страни од границата, бидејќи ќе има побрз проток на сообраќајот и ќе се избегнат застоите што ги има сега.

-Во одредени моменти на овој граничен премин се создава сообраќаен метеж што навистина претставува проблем за патниците кои понекогаш на бугарска страна чекаат и по два часа за влез во соседната земја. Ако ова се оствари, тоа би било одлично, велат патници кои денешниот неработен ден го искористија за кратка прошетка до соседна Бугарија.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This