Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре.
Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицкоки. И малку музика.
Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски.