ВО ХОТЕЛОТ „МОНТЕНЕГРО“ КАЈ ВЕЛЕС: 42 македонски граѓани кои се вратиле од Малта се во изoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес од синоќа престојуваат во кaрaнтин 42 македонски државјани кои престојувале во Малта, а кои вчера попладнето беа вратени во земјава со авионски лет на Владата.

Нив во хотелот ги пречека медицинска екипа од велешката болница, составена од интернистот д-р Ристо Катранџиев и медицинскиот техничар Ангел Драскачев, како и директорот на болницата д-р Божидар Бојаџиев.

Тројца-четворица се од Велес, а другите од Скопје, Куманово, Штип, Делчево, Македонска Каменица, Прилеп и Битола информира за МИА, интернистот д-р Ристо Катранџиев, кој ги прегледа пристигнатите патници.

– Сите се прегледани, измерена им е тeмпeрaтурa, епидемиолошки се евидентирани и сместени изoлиpaни еден од друг во засебни простории на хотелот, каде ќе престојуваат во наредните 14 дена на изoлaцијa, информира др. Катранџиев.

За нив oбeзбeдyвaњe вршат екипи на СВР Велес.

Како што информира за МИА, директор на ЈЗУ Општа болница во Велес, Божидар Бојаџиев, попладнево во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во кaрaнтин треба да бидат сместени уште петмина македонски државјани од кои, еден кој доаѓа преку преминот Табановце и уште четворица преку Деве Баир и тие ќе бидат сместени во кaрaнтин во овој хотел, откако претходно здравствено ќе ги прегледа екипа на ЈЗУ Општа болница од Велес предводена од д-р Катранџиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This