April 27, 2024, 10:46 pm

ВО ЧЕРНОБИЛ Е ПОБЕЗБЕДНО ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Неспособноста на владата да ја изгасне депонијата, ја направи Струга најопасен град за живот во Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово стружани повторно се разбудија во чад од канцерогена и токсична материја која што граѓаните ја дишат среде јули.

Граѓаните на социјалните мрежи денеска повторно објавија фотографии од депонијата во Струга и пожарот кој веќе трет ден не го гасне никој.

Додека градоначалникот и власта молчат, граѓаните на Струга постојано се жалат на чадот од депонијата која со денови гори, а од истата ги пече грлото и очите, а се шири и неподнослива миризба.

Инаку во Струга во вторникот вечерта повторно се запали депонијата, а ноќта според фотографиите во центарот на градот имало буквално магла среде јули.

 

https://www.youtube.com/watch?v=ykqQTTxr1WQ

 

Владата на Зоран Заев со 26 министри, продолжува со своето фијаско, заедно со локалната самоуправа и не можат да угаснат еден пожар во Струга.

Исто така, постојаните пожари и чадот ова лето ја загрозува туристичката сезона во Охрид, Струга, Вевчани и другите околни места.

https://www.youtube.com/watch?v=X59mnjHSk3M

Покрај локалните жители, веќе има големи реакции од големиот број на иселеници кои се дојдени во родниот крај.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This