Во „Јавна соба“ имало и полицајци, а МВР не ги caнкционира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната дебатна емисија „Клик плус” на ТВ21 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, која се осврна на актуелните политички случувања, пописот кој најверојатно ќе се спроведе во државата, како и моменталната ситуација во однос на затворената група на комуникациската апликација Телеграм.

Василевска беше децидна во ставот дека сите кои биле инволвирани во процесот на формирање на групата и инвитацијата на членови во истата, треба да бидат драконски санкционирани и спроведени пред лицето на правдата. Според неа, таквиот чин не само што ги девалвира, понижува и повредува припадничките на понежниот пол, туку и укажува на уште една посериозна појава, односно дијагноза кај луѓето кои долги години се исмејувале со фотографии од млади девојки од државата.

– Симптоматично е што овој скандал се појави по втор пат, а овој пат се случи во моментите кога Собранието на Република Македонија го донесе законот против насилство врз жената. Донесувањето на овој закон покажа дека сите пратеници од Собранието се зрели и хомогени по ова прашање, односно дека стојат зад ставот секоја жена да има заштита каква што заслужува. Токму поради тоа во овој момент, повторно мораме да покажеме и пред себе и пред јавноста дека државата е спремна да застане во одбрана на секоја жена или девојка која би наишла на ваква или слична ситуација – додаде Василевска.

Во овие моменти владее недоверба во институциите, поточно од Министерството за внатрешни работи, посочи таа, поради тоа што се дозна дека во истата група на апликацијата Телеграм имало и припадници на МВР, односно лица кои и во претходната афера биле инволвирани, а сега самата институција не ги санкционира.

– МВР не смее да користи паушални изговори за да ги тргне рацете од случајот, туку напротив мора да реагира професионално и случајот да се расчисти. Доколку овој случај не добие завршница каква што сите очекуваат, тогаш ова насилство може повторно да роди ново насилство – заврши Василевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This