Во Њујорк пoвтopнo се oтвоpaат мyзeитe и тeрeтaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Музеите низ американската држава Њујорк и теретаните во делови од државата надвор од градот Њујорк повторно ќе можат да продолжат со работа во понеделник, согласно олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Според упатствата кои ги објави гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, максималниот број на посетители дозволени во музеите ќе се намали на 25 проценти од вообичаено, а билетите ќе важат ограничено време.

Куомо исто така рече дека теретаните и фитнес центрите од понеделник ќе можат да работат со третина од капацитетот, но градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио информира дека теретаните во градот ќе останат затворени најмалку до 2 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This