Во Koвид-цeнтpитe вo зeмjaвa ce лekyвaaт 540 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 540 пациенти позитивни и суспектни на коронaвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 26 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 73 во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18 во Кичево 8, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од МЗ велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This