Вработените во Славија во стpав pacкажуваат, се плaшиме за фамилиите – голем бизнис е во прашање: Во 2012 година една акција се продаваше по 1715 евра, денес се пpoдаваат по 51 евро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како директно засегнати од целава ситуација околу продажбата на сопственичкиот пакет на акции во државна сопственост во нашето друштво не можеме и не сакаме да стоиме и гледаме од страна сето она што се случува, а без притоа да не кажеме, односно реагариаме за се што може да допринесе за праилно разрешување на настанатата ситуација, велат вработените во АД Славија во своето обраќање до медиумите.

Тие напоменуваат дека деновиве се говори за имотот, обврските, за багателната цена по која се продаваат акциите на претпријатието,но никој не говори за 30-тината вработени во претпријатието чии работни места се загрозени.

Вработените велат дека во моментов државата продава 97 проценти сопственост на акции, велејќи дека се ставени како во кланица.

Никој не ги известил за продажбата на акциите велат тие, односно за истата дознале од медиумите.

Вработените потенцираат дека во 2012 година по нивна процена една акција чинела 1715 евра, а сега акциите се продаваат по номинална вредност од 51 евро по акција.

-За Волја на вистината сакаме да укажеме дека во 2012 година друштвото и вработените беа активно вклучени во тогашната продажба на акции односно секој со информации во својот домен на работа учествуваа во крајната цел односно изготвување на Проспект од 96 страници со кој се презентираше целата слика на друштвото и кој ја содржеше процената на акцијата која тогаш изнесуваше 1715 евра по акција. Воедно сакаме да напоменеме дека проспектот беше изработен во неколку стотици примероци со цел да има поголема транспарентност и вклучување на поголем број заинтересирани субјекти, велат од вработените.

Според нив продажбата на акциите по номинална вредност без направена процена е скандал сам по себе, а со него треба да се позанимаваат и институциите за спречување корупција.

-Продажбата на акции во државна сопственост по номинална вредност без притоа да се направи процена за нас е скандалозен чин особено во денешно време кога секојдневно се нагласува потребата од транспарентност и борба против корупција како еден од најважните услови за реализирање на патот кон Европската Унија. Ова претставува сериозен чин за кој веднаш и сериозно треба да се вклучат институциите како Заменик претседател на Влада за борба против корупција, ДКСК и Јавно правобранителство.

Вработените велат дека се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите семејства па поради тоа побараа да останат анонимни.

Тие откриваат дека во моментов компанијата се занимава со издавање на деловен простор и истото го прави успешни и профитабилно. Десет години како државата е сопственик на фирмата, ниту една година немаат направено загуба, не се на товар на буџетот дури во изминатите десет години компанијата исплаќа дивиденда на најголемиот акционер, а тоа е Агенцијата за справување со одземен имот.

Тие напоменуваат и дека дел од долговите на претпријатието се исплаќаат и најголемите се веќе подмирени, а никој не знае точно која е големината на долгот кој го има претпријатието.

Toкму во 2012 година започнала продажбата на имотот со цел подмирување на долгот, но се запрело во 2017-та година, а вработените посочуваат дека најголемиот дел од долгот е исплатен.

Вработените ја коментираа и изјавата на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани дека имотот нема врска со цената на акциите, но тие напоменуваат дека цената на акцијата се формира токму од разликата во вредноста на имотот и долгот кој го има претпријатието.

Зад камерата тие велат се работи за големи бизнис интереси и дека некој сака да го купи претпријатието по багателна цена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This