ВРЕМЕ Е ДА ПОЧНАТ ДА СИ ЈА ВРШАТ РАБОТАТА: Тимоние со поддршка за Уставниот cyд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правната држава има клучно место во интегративниот процес на земјата во Европската Унија, порача францускиот амбасадор Кристиан Тимоние по денешната средба со претседателот на Уставниот суд Сали Мурати.

– Ќе го поддржиме Уставниот суд да може што подобро да се вклопи како во политичкиот систем, така и во самото општеството на Република Северна Македонија. Остануваме заедно со вас, ве поддржуваме во вашите настојувања да го вкорените системот на правната држава и да можете да си ги обезбедите сите средства за што подобро функционирање – рече Тимоние.

На средбата претседателот на Уставниот суд и францускиот амбасадор разговарале за понатамошната соработка, особено во областа на Франкофонијата бидејќи, како што рече Тимоние, постои една асоцијација на судови од франкофонските земји, а Уставниот совет на Франција има една клучна улога во тие рамки.

– Со големо задоволство се информирав за поканата што ја даде претседателот на Уставниот суд за неговиот француски колега и ќе ја пренесам и во најкраток можен рок се надевам дека ќе можеме да ја реализираме – додаде Тимоние.

Претседателот на Уставниот суд рече дека му претставува чест и задоволство што денеска имал гостин од пријателска држава.

– Ние досега сме имале добри односи со францускиот Уставен совет. Во оваа насока сакаме да ја продлабочуваме нашата соработка и ветувам дека и Уставниот суд е за евроатлантската интеграција на нашата држава, владеењето на правото, особено со почитување на човековите права и слободи што фактички имаме и обврска според Уставот – истакна Мурати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This