ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОЧИ: Актерите Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски порачаа дека на сите местото им е меѓу народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Нема да дозволиме да бидеме уценети со туѓи палтформи. Ние граѓаните нема да дозволиме на мала врата некој да ни протурка нешто што ние не сме го гласале. Изборот кој секој од нас го направи беше Македонија, неподелена, суверена, заедничка Македонија. Зад оваа идеја застанале и Илинденците и Партизаните. Отфрлете тоа што сте прифатиле вие во СДСМ и компанија, сакаме да направиме граѓанска, народна палтформа, тука во Скопје, во нашата Македонија, платформа зад која ќе застанат Македонците, чесните Албанци, Турци, Роми Власи, Срби, Бошњаци. Тоа им го должиме ние на нашите деца, рече Петрушевски.

akteri-640x364

Тој нагласи дека време е да се погледнеме во очи и да кажеме, За Македонија се работи, само за Македонија.

-Македонија е нашата иделогоија, нашата партија, таа не повикува да се обединиме и да ја одбраниме заедно од обезличувањето. Ние друга резервна татковина немаме. Некој можеби имааат, ние сме единствени, нашата Македонија е наша татковина, рече Петрушевски.

Свое обраќање имаше и актерот Гоце Тодоровски, кој порача:

-Браќа Македонци, само едно ќе кажам што цело време ми стои во главата. Нашите сограѓани Албанци со 20%, а незнам дали се 20%, ќе видиме, побараа да бидеме „фифти- фифти“, 50-50. Замислете да беа 40%, што ќе побараа тогаш. Како не им е срам, навистина, како не им е срам, со 20% сакаат да бидат со нас рамноправни во најбезобразните идеи нивни. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, рече Тодоровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This