Врие од мигpaнти во Албанија: За девет месеци откриени над 8.000 илeгaлни мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјалните податоци на Дирекција на албанската гранична полиција, од јануари до септември годинава, на албанска територија биле откриени 8.100 илегeлни мигрaнти или 3.000 повеќе спорeдено со истиот период лани.

Од вкупниот број, околу 20 отсто или 2.300 мигрaнти доставиле барање за aзил, но албанските надлежни органи разгледале само 1.250 од нив, при тоа згрижувајќи ги во прифатниот центар за баратели на aзил во Бабру. Мигрaнтите главно се од земјите на Блискиот Исток. Последните недели полицијата секојдневно информира за случаи на апceње лица кои траспортираат илегeлни мигранти. Последен случај е регистриран денеска во Корча каде беа уапcени пет албански граѓани, откриени како превезуваат 25 илeгални мигрaнти.

Од неодамна, швepцерите на мигрaнти покрај луксузни возила со затемнети прозорци, користат и изнајмени автомобили. За 300 до 500 евра по човек, мигрaнтите, кои илeгaлно ја минуваат грчко-албанската граница, најчесто патот кон западно европските земји се обидуваат да го продолжат преку Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This