ВРТОГЛАВА СУМА: Долгот кој го направи СДСМ во Охрид имал камата од 20 илјади евра на ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Сашо Донев со јавноста сподели вртоглава сума која ја должела општината по владеењето на градоначалникот од редовите СДСМ, Александар Петревски од 50 милиони евра. Но она што е уште по страшно е дневната камата на долгот од неверојатни 20 илјади евра. Овие вртовлави цифри тој ги сподели во емисијата „Прашалник“ на ТВМ во дебата со актуелниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Костади Георгиевски.

-Ќе кажам една работа, односно споредба, во 2013-та дневната камата по однос на долгот во општина Охрид беше 20 илјади евра сега стигнавме на 34 илјади денари, вели Донев.

Донев напомена дека парите кои општианта ги доби од Владата за да се раздолжи се пари на граѓаните.

-Тие пари кои што ги добивме од Владата, се пари кои што граѓаните секојдневно ги одвојуваат да плаќаат даноци, а со тие пари се враќаат долгови. Охрид 15 години тоне во апатија и во инфраструктурен хаос, додаде тој.

Долгот кој го плаќаат граѓаните 15 години е долг направен од локалната власт предводена од СДСМ истакна Донев.

-Треба да признаеме дека тој долг кој што го направи СДСМ е долг кој што 15 години го плаќаат граѓаните и дека во иднина нема да се повтори. Сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ, односно претходната локална самоуправа, предводена од Бакрачевски и неговиот тим исплати 13 милиони евра долг без државна помош. Значи ние не исплативме долг со парите од граѓаните туку ние исплативме долг со штедење, со намалување на материјалните и нематеријалните расходи со инвестиции и со домаќинско работење, заклучи Донев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This