ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ ВО ПОСЕТА НА ПРВАТА МЕХАНИЗИРАНА ПЕШАДИСКА БРИГАДА: Посета на Врховниот командант на вооружените сили на изведување на показна вежба на командно место на СПБГ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од своето постоење, и како дел од подготовките за претстојното реоценување на средната баталјонска борбена група (СПБГ), денес реализира показна вежба на командно место на СПБГ во организација на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов во придружба на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ги проследија активностите кои се изведуваа во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и показната вежба на командно место.

Претседателот Иванов и генералот Величковски, од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и самите учесниците се запознаа со начинот на извршувањето на задачите во оперативните центри кои ги изведуваа припадниците на 1.мпбр и воздухопловната бригада како дел од показната вежба, по што ги проследија активностите на командното место на СПБГ стационирано во реонот на Катланово.

Постапките, мерките и процедури кои денес ги спроведоа припадниците на АРМ во извршување на задачите на командното место од страна на највисоките воени авторитети беа оценети како високо професионални, со истакнување дека прикажаното реално ги отсликува способностите кои гарантираат поволен финален резултат на претстојното реоценување.

Показната вежба е дел од неколкумесечните индивидуални и колективни подготовки за реализација на ресертифицирање на СПБГ согласно концептот на оперативни способности на НАТО, Ниво 2 која ќе се реализира во рамки на вежбата „Македонски блесок 13“ на крајот на месец септември и почетокот на месец октомври.

СПБГ како најголема декларирана единица на Армијата на Република Македонија ќе се оценува на армискиот полигон „Криволак“ преку решавање на повеќе настани и инциденти, дадени согласно листата за настани и инциденти.

Претходното оценување СПБГ го имаше во 2012 година од страна на оценувачкиот тим составен од претставници на 15 НАТО оценувачи и национални претставници на кое доби позитивна висока оценка во сите пет области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

Денешната активност покрај претседателот Иванов и генералот Величковски беше проследена и од командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Зоран Милески и останатите генерали и команданти на единиците на АРМ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This