April 27, 2024, 12:50 am

Врховниот командант на НАТО во Европа сака да распореди трупи во Бугарија и Романија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот командант на НАТО во Европа генералот Тод Волтерс предложил НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија, објавува германскиот весник Шпигл.

Како што наведува германскиот весник, Волтерс тоа го предложил затоа што Русија, како што тврди Западот, трупа војници во близина на границата со Украина, пренесе Ројтерс.

Шпигл не го цитира директно Волтерс, туку наведува дека има информации дека генералот „повикал на јакнење на трупите на источната граница“ на НАТО по конференцијата преку видео линк со воените команданти на сојузничките држави.

Германскиот весник пишува дека предлозите на Волтерс значат да се прошири источното присуство на НАТО, во рамки на кое Алијансата распореди воени сили во балтичките земји и Полска.

НАТО одби да ги коментира тврдењата на Шпигл.

Бугарија и Романија веќе повикаа на проширување на военото присуство на Алијансата во тие земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This