Вучиќ: Делиме oгрoмнa бoлкa со нaрoдoт и пoдгoтвeни сме да пpужиме секaква брaтска пoмош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и, по повод пожарот во болницата во Тетово, во име на сите српски граѓани изрази сочувство до семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетово. Подготвени сме да пружиме секаква братска помош, бидејќи граѓаните на Македонија не се сами во оваа трагедија, потенцираше Вучиќ во телефонскиот разговор со премиерот Заев, соопштија од прес – службата на српскиот претседател.

Тој на повредените им посака брзо и успешно закрепнување. Речиси сите српски медиуми од синоќа и денес ја информираат српската јавност за големата трагедија со пожарот во Ковид болницата во Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This