ВУЧИЌ СЛАВИ СВ. НИКОЛА: ЗАЕДНО СО БРАТОТ И СИНОТ ДАНИЛО ВО ЦРКВА ГО ДОНЕСЕ СЛАВСКИОТ КОЛАЧ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера наутро, како и секој домаќин што го слави овој светител, донесе славски колач во црквата со машкиот дел од семејството!

Претседателот беше заедно со неговиот брат Андреј и постариот син Данило во 7.15 часот во црквата Свети Марко, во центарот на Белград.

На 19 декември, православните верници ја празнуваат најчестата слава, Свети Никола.

Станува збор за посна слава, па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This