Цел свет е затвopeн, а Вуxaн се журка/ВИДЕО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Вухан, епицентарот на пандемијата на коронавирус, повторно се отворени ноќните клубови, додека за остатокот од светот засега тоа може само да биде сон. Ноќниот живот во Вухан се враќа во полн ек, речиси седум месци по укинувањето на строгиот карантин, а младите тоа го прифатија веднаш, јавува Wion news.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од забави и концерти, кои во моментот се незамисливи во останатиот дел од свтеот, поради пандемијата, и строгите мерки. Но, младите жители на Вухан уживаат во ноќни излегувања, гужви, дружење по клубови и храна на улични тезги, надополнувајќи го загубаното време во последната година.

Многумина се надеваат на такви сцени во 2021 година по глобалното воведување на вакцините Covid-19.

„Се чувствувам како да живеам поинаков живот по првиот бран на епидемијата во Вухан“, изјавила Џанг Квионг (29), која својот роденден го прославила со пријателите во преполн паб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This