ВЧЕРАШНИТЕ АПСЕЊА НЕ СЕ ПРОИЗВОД НА ПРАВОТО:Тоа е производ на деcпотизмот на Заев и картелот околу него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ја погази правната држава во Република Македонија. Вчерашните апcења, не се производ на правото, туку на деcпотизмот на Заев и картелот околу него, ова денеска преку соопштение го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта се плаши од народот и по секоја цена сакa да го заплаши. Апcењата, се последен обид на исплашената власт да ги спречи промените. Залудни се сите местенки. СДСМ паѓа. Граѓаните повеќе нема да прават компромиси кога се работи за владеењето на правото. Кацарска судството и Русковска обвинителството кои служат како алатка за прогон на неистомислениците на власта наскоро ќе треба да одговараат за сите недоследности и законски прекршувања, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека секој еден кој ја 3лоупотребил својата позиција и спроведувал политички прогон ќе мора да се соочи со лицето на правдата.

-Целата лакрдија која што ја приредува власта ќе има своја правна завршница. Обидот преку уништување на човечки судбини да се дефокусира јавноста од штетните политики, сомнителните тендери во здравството, хаосот во земјоделието, дезавуираното образование, нарушената безбедност и непотизмот кој проникна во секоја пора на општеството ќе биде поразен од граѓаните. Деспотот Заев ќе добие жесток пораз од граѓаните најпрвин на претседателските избори во април, а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This