Вepувале или не: Во италијанско гратче пристигнале фактури за наплата на феудален данок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на италијанскиот град Сан Феличе Чирчео деновиве добија фактури за плаќање данок од нивниот феудален господар, кој во случајов е швајцарски барон. Сериозно.

Се работи за приморско гратче меѓу Рим и Неапол и за данок во износ од илјадници евра кој одамна е заборавен и со децении не се плаќа.

Првично средновековен папа пред стотици години им дозволува на феудалните сопственици на земјиште да бараат годишен надомест од селаните кои живеат на неговото земјите. Потоа овие неколку векови стари права од Папските држави се префрлаат на Кралството Италија по обединувањето на земјата во 1860-те.

Швајцарскиот барон Џиованпаоло Џејмс Агует во 1898 ги откупува правата за наплаќање на феуд на територијата на градот.

Сега наследниците ја активираат оваа давачка на територијата на градот, и бараат наплата на истата за последните 5 години што во одредени случаи резултирало со фактури од 35.000 евра.

Според локалците, кои се прилично гневни што некој мисли дека се уште важат феудални закони и права за наплата на даноци, оваа давачка не е наплатена најмалку 60 години.

Освен „киријата“, наследниците на баронот, според правилата, имаат право да наплаќаат за дозвола за продажба на недвижности, што мора да ја побара секој што ќе продаде некоја недвижност и која може да изнесува и до една третина од вкупната вредност на имотот.

Од друга страна адвокатот на наследниците негира дека давачките за застарени, објаснувајќи:

„Не е застарено да се инсистира на исполнување на законско право, дури и ако тоа е старо неколку векови.

Овие права се задржани кога се префрлени од Папските држави на Кралството Италија. Сето ова е легитимно, не е нешто што тие го имаат измислено.“

Адвокатот предупредил и дека обидот да се укине давачката ќе биде неуставен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This