ВMPO-ДПMHE ќe одpжи peдовен Конгpec нa кpajoт нa нoeмври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва заседаваше на редовна седница Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која, како што информираше Стефан Андоновски, член на ИК, се разговарало за повеќе теми поврзани со тековните и актуелни случувања во Република Македонија.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на Извршниот комитет донесе одлука за одржување на редовен конгрес на партијата на крајот на месец ноември. Воедно ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери ќе бидат на терен по градовите и селата заедно со народот, информираше, меѓу другото Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во одговор на новинарско прашање, Андоновски рече дека тоа е добра прилика за прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу актуелното раководство, новата енергија и поранешните функционери, кои како што рече Андоновски, се предводени од Зоран Заев.

„Централниот комитет за ваква иницијатива заседаваше уште пред неколку месеци и едногласно донесе одлука за отфрлање на ваквата иницијатива и согласно статутарните овластувања кои ги има и согласно членот 29, став 4 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат едногласно Централниот комитет се задржа на принципиелно почитување на Статутот и статутарните принципи кои што ги има. Би сакал да истакнам дека ние за наш противник го имаме Зоран Заев и продолжуваме кон рушење на хибридниот режим на Зоран Заев во Република Македонија и сите граѓани ни се добредојдени во оваа борба и во оваа поддршка и се надевам дека се поголем број ќе ни се приклучуваат“, појасни Андоновски.

Во однос на актуелниот попис, тој рече дека, Централниот Комитет смета дека тој претставува тема која се злоупотребува од власта за политичка пресметка и се користи како димна завеса да се одвлече вниманието од обидот за фалсификат кој се прави во позадина како и дефокус за останатите теми кои ги загрижуваат граѓаните.

„Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека одбивањето на иницијативата за собирање на граѓански потписи за носење на закон за поништување на законот за попис, преставува чекор во кој се гледа стравот на власта на Зоран Заев од соочување со народот и неговата волја. Заев едноставно речено одбегнува да го чуе гласот на народот. ВМРО-ДПМНЕ покрај пратеничките потписи, донесе одлука во сопствена организација да почне со собирање на граѓански потписи насекаде низ државата, кои ќе дадат легитимитет на нашата одлука пратениците да поднесат закон за укинување на законот за попис. Нема да ја ускратиме можноста граѓаните да се вклучат во нашата иницијатива да се стопира фалсификатот на пописот“, информира Андоновски.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговарал и за други актуелни теми.

„Режимот на Заев кој е најкорумпиран во Европа, прогласен за хибриден режим, треба да биде целосно размонтиран. Неговата влада која се оддржува со мнозинство кое е на стаклени нозе по бројните скандали, случаи на криминал нема никаков кредибилитет да управува со државата и треба час поскоро да си замине. Имаме министри кои немаат НАТО сертификат, а земјава е членка на НАТО веќе една година, затоа што кај нив има корупција и криминал. Државата е на дното во светот и сеуште нема ниту еден вакциниран против коронавирусот, но е во врвот по број на смртни случаи и заразени. Имаме образование кое служи за експеримент и економија во рецесија. Ова се вистинските теми кои и интересираат граѓаните, а не стандардниот фолклор на Заев и неговите оправдувања“, рече Андоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This