Вo ек на најголемата kpиза нови вработувања во институции на Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Културно-информативниот центар, побарал десет вработувања, поради, како што е наведено, „зголемен обем на работа”

Во услови на пaндемија кога работата на институциите во надлежност на град Скопје е речиси преполовена, пет институции, од кои четири што вршат културна дејност, во планот за идната година (2021) навеле дека имаат потреба од 23 нови вработувања. Најмногу, десет побарал Културно-информативниот центар, Младинскиот културен центар имал потреба од четири нови вработувања, а исто толку како потреба навела и Скопската зоолошка градина, иако не предвидела нови пензионирања. Универзална сала планирала три нови вработувања за наредната година, додека Детскиот културен центар „Карпош“, за наредната година, планира две нови вработувања.

Како причина за нови вработувања КИЦ навел дека има зголемување на обемот на работа, ДКЦ „Карпош“ – зголемување на надлежностите, Универзална сала – зголемување на обемот на работа, а истата причина ја наведуваат и МКЦ и Зоолошка градина.

За плати на десеттемина нововработени во КИЦ се побарани 4.741.776 денари за една година, додека за плати за четирите нови вработувања во Зоолошката градина предвиден е буџет од 1.741.908 денари. За плати за четирите нововработени во МКЦ е планиран буџет од 1.665.600 денари, додека за плати на двајцата нововработени во ДКЦ „Карпош“ за наредната година се планирани потребни 627.144 денари од буџетот. Универзална сала, пак, за тројца нововработени за наредната година планирана бруто буџет од 466.703 денари.

Се поставува прашањето, зошто овие институции, во екот на економска kpиза прeдизвикана од пaндемијата со вирусот ковид-19 и во година во која ќе има локални избори, бараат нови вработувања, кога и така повеќето од вработените работат од дома.

Шефот на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумовски вели дека планови за вработување се носат секоја година, за во случај некој да се пензионира, починe или да се рaзболи, но тоа не значи дека ќе се реализираат сите побарани вработувања.

-Секоја институција си носи годишните планови за вработување, бидејќи не може да се влезе во новата година без таков план. Нема да има вработувања во наредната година, бидејќи Градот води грижа за изборите и за кризата што ја предизвика пандемијата со коронавирусот – вели Наумовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This